3 рецепта за домашна пица од сув леб: Вечера што не се одбива!

Вкусно!

Најдобрите готвачи се оние што од ништо прават нешто!

Прв рецепт

Стариот (а може и новиот) леб префрлете го директно од пакувањето во корито направено од фолија. Помеѓу секое парче леб ставете по еден лист кашкавал и еден лист шунка. Изматете 2 јајца и малку млеко, посолете, па прелејте ја смесата врз целиот леб. Наросете со оригано. Завиткајте го лебот во фолијата и ставете го во рерна да се испече на 180 степени околу 15 минути. Послужете!

Втор рецепт

Секое парче леб премачкајте го сос бешамел, па наредете го во тркалезен плех. Врз него наредете кашкавал и сирење, шери домати и зачини. Изматете две јајца, малку бешамел и прелејте ја смесата врз лебот. Изрендајте пармезан или сирење по избор. Потпечете и уживајте.

Трет рецепт

Изматете 3 јајца со малку сол и бибер, па додајте лажица сос бешамел. Измешајте ја смесата па со неа потопете го стариот леб кој потоа ќе го ставите во огноотпорен сад. На потопениот леб ставете шунка и кашкавал, па потоа еден ред леб, се’ додека не го потрошите материјалот. На врвот ставете презла и малку пармезан. Потпечете и уживајте.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.