Плетена погача подготвена по оригинален рецепт: Освојува со изгледот и неодоливиот вкус (ВИДЕО)

Рецепт

Рецепт за искусни домаќинки.

Од кујната на нашите баби пристигнува рецепт за плетена погача за искусни домаќинки. Ќе ве освои еднакво со својот изглед и вкусното тесто.

Потребно е:

300 мл млеко

500-550 г брашно

Малку сол

1 јајце

20 г квасец

1 лажица шеќер

50 мл масло

Приготвување:

Во млако млеко додавате квасец и додавате шеќер и две лажици брашно. Оставете да нарасне.

Нараснатиот квасец ставете го во сад, додајте јајце, масло, брашно, сол и замесете го тестото. Оставете да одмори на собна температура околу 30 минути. Потоа, месете и исечете на 12 еднакви дела. Секој дел развлечете го на должина од 59 см.

На средината ставете 6 ролни, а преку нив исто така 6 ролни.

Плетењето на самите погачи погледнете на видеото – не е тешко, само треба внимателно да се следи постапката која госпоѓата постепено ја работи.

Погачата ставете ја во тава од 22 см која сте ја обложиле со хартија за печење.

Покријте со фолијата и крпата да отстои 30 минути. Нараснатата погача, по желба, можете да ја премачкате со жолчка и да ја наросите со семки.

Печете на 180-190 степени околу 40 минути, па покријте со крпа да омекне.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.