Ручек за денес: Вака се приготвува пилешко месо на турски начин – лесен оброк што не се заборава!

Пробајте!

Черкеското пиле е класичен рецепт што го смислиле Черкезите, народ од Кавкаските планини, а бил усвоен од страна на царската османлиска кујна

Ова царско јадење обично се приготвува како главно јадење, но може да се служи и како предјадење или како мезе.

Черкеското пиле е одлично јадење од раженчиња со пилешко месо во кремлив сос од ореви и леб. Како здраво јадење без масни додатоци, одличен предлог е за лесен ручек со зелена салата, варен зеленчук и потпечен леб. Исто така, можете да го искористите и како полнење за сендвич.

Состојки:
  • 1 цело пиле или 2 поголеми парчиња пилешки гради
  • 1 главица црн кромид со средна големина
  • 1/2 лажички бибер во зрно
  • 5 чаши вода
  • морков, целер, пашканат по желба

За основата:

  • 300 г крупно мелени ореви
  • 2 лешниња лук
  • 4 парчиња бајат леб (само срединката, без корките)
  • 1,5 чаша пилешка супа
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче коријандер во прав

За посипување (по желба)

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажиче црвен пипер
Приготвување:

Градите или пилето, исечкани на парчиња, се ставаат во лонец, се прелеваат со вода, се додаваат кромид, зеленчук и бибер во зрно. Се вари на средна температура додека месото омекне.

Вареното месо се цеди и се остава да се олади. Потоа, се двои месото од коските и со рака се кине на ленти.

Коцките бајат леб се ставаат во подлабока чинија, па се прелеваат со водата во која се варело пилешкото месо, се додава толчен лук, ореви, зачини и искинато месо, па добро се соединува.

Пилешкото месо се префрлува на чинија за сервирање. Посебно се загрева маслиново масло и во него се додава црвен пипер, па со тоа се прелева пилешкото. Се украсува со магдонос.

Може да се послужи и топло и ладно, како предјадење или како главно јадење.

Ручек за денес: Грав на италијански начин – никогаш немате пробано вакво јадење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.