Кристијан Голубовиќ со 28 години помладата Кристина чека дете: „Ќе станам татко по третпат“! (ФОТО)

Годините се само бројка...

Поранешниот српски криминалец Кристијан Голубовиќ со своите пријатели на социјалните мрежи сподели радосна вест, а тоа дека станува татко по трет пат. Тој ќе добие дете со 28 години помладата Кристина Спалевиќ.

– Роднини, пријатели, фанови, по трет пат ќе станам татко. Ви ја бакнувам душата. А, вие душмани и хејтер ЈГ – напишал Кристијан.

Да потсетиме, Кристијан Голубовиќ е татко на две деца – синот Лазар и ќерката Вера.

Кристијан синот го добил во 1994 година со тогашната партнерка Данијела. Како што пишуваат медиумите, неговиот живот бил во опасност, па мајката на Лазар одлучила во изводот на книгата на родени да не пишува дека Кристијан е негов татко.

Кристијан за време на учеството во „Фарма 6“ признал дела пред влегувањето во реалното шоу го признал таткоството. Лазар не сакал да се експонира во медиуми, додека неговиот татко престојувал во ријалити програмата. Сепак, Лазар никогаш не криел дека има другарски однос со татко му, како и дека го посетувал додека бил во затвор. Многу велат дека тој физички многу потсетува на татко му.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.