Ручек за денес: Грав на италијански начин – никогаш немате пробано вакво јадење!

Пробајте

Тетовскиот грав приготвен на италијански начин е извонреден ручек за мени без месо

Состојки:
  • 300 г тетовски грав
  • 3-4 главици кромид
  • 500 г излупени домати
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 2 шолји исечкан магдонос
  • 1 лажиче оригано
  • масло
  • сол
  • бибер
Приготвување:

Потопете го гравот околу 2 часа, потоа сварете го во солена вода и кога добро ќе се свари, исцедете го. На масло пропржете кромид исечкан на крупни парчиња. Додајте домати, шеќер и грав, оригано, сол и бибер и сето тоа варете го на многу тивка температура околу 20 минути. На крај, додајте магдонос.

Ако постите на вода, изоставете го маслото, а варениот грав гответе го со доматите и другите состојки малку подолго за да се зготви кромидот.

Добар апетит!

Ручек за денес: Спанаќ со топено сирење, совршено јадење од рерна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.