Ручек за денес: Алзашки лонец – превкусно јадење од рерна што може и да се подгрева!

Пробајте!

Вистински специјалитет

Идеално јадење за семеен ручек што можете да го подгревате неколку пати во текот на неделата…

Состојки:
  • 250 г мелено месо, по избор
  • 250 г ориз
  • 1 кромид
  • 3 супени лажици доматно пире
  • 1 дл црно вино
  • 3 лажици кисела павлака
  • 150-200 г рендан кашкавал
  • сол
  • бибер
  • мајчина душица
  • свеж магдонос
  • масло
  • путер
Приготвување:

На масло се пропржува ситно сечкан кромид, колку да добие боја. Се трга од оган, се додава месото, се промешува, па се додава доматно пире и се враќа на малку намалена температура, да се пропржи сето тоа заедно. Се додава вино, добро се промешува, па се посолува и забиберува по вкус.

Се додава мајчина душица, се промешува и се пропржува сето тоа заедно уште малку. Не премногу, за да не испари течноста. Кога ќе се тргне од оган, се додава исечкан свеж магдонос, се поклопува и се остава на страна.

Посебно се вари оризот со малку сол и доволно вода. Оризот може да биде со тркалезни зрна или долгнавести, зависи како повеќе ви се допаѓа.

Кога ќе биде готов оризот, во огноотопорен или земјен сад, се реди прво слој ориз, па месо, па повторно ориз.

Се разматуваат три лажици кисела павлака со лажица или две млеко/вода/јогурт и се прелева врз оризот.

Одозгора се ренда кашкавал и се ставаат листови путер.

Се потпекува во рерна загреана на 200 степени додека добие златникава боја.

Напомена: Со оглед на тоа што јадењето има тенденција да претекува и да се прелева од садот, добро е да се стави на плех за да не капе по рерната.

Ручек за денес: Мусака по старински рецепт
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.