Проверен рецепт со кој нема грешка
Состојки:
- 500 г мелено месо (мешано, свинско и јунешко)
- 1 кг компир (исчистен и исечкан на коцки)
- 2 домата (исечкани на коцки)
- 1 лажица исечкан магдонос
- 1 главица сечкан кромид
- 3 јајца (изматени)
- 1 шолја јогурт
- 60 г брашно
- сол, бибер
- масло
- 60 г мешавина од билни зачини
Приготвување:
Пропржете ги кромидот и месото во тавче со малку масло. Ако месото е помасно, сипете помалку масло. По 10 минути пржење, тргнете го месото од оган и додајте компир, домати и магдонос. Посолете и забиберете по желба.
Печете во рерна 45 минути на 190 степени, односно додека компирот стане мек. Измешајте јајца, јогурт и брашно, па прелејте ја смесата врз месото. Печете уште 10 минути.
Послужете го јадењето со јогурт.