Рецепт на денот: Пица со зеленчук

Истовремено здрава и многу вкусна

Доколку сакате да внимавате што јадете, но не можете да се откажете од брзата храна, овој рецепт ќе ги исполни двете ваши желби!

Потребни состојки:
  • тесто за пица
  • 1 јајце
  • кашкавал за рендање
  • доматен сос или кечап
  • шампињони
  • свежа пиперка
  • кромид
  • пченка
  • мозарела
  • оригано
  • малку сол
Приготвување:
  • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
  • Ставете го тестото во микробранова печка 3 минути за да нарасне.
  • Во сад, ставете јајце, изрендајте сирење и посолете. Сето тоа добро измешајте го.
  • На плех ставете хартија за печење и ставете го тестото за пица.
  • Премачкајте го со смесата од јајце и печете околу 35 минути.
  • Извадете ја пицата од рерна и премачкајте ја со доматен сос или кечап.
  • Наредете свеж зеленчук, шампињони, свежа пиперка, кромид, пченка.
  • Додајте рендана моцарела и наросете ја со оригано.
  • Вратете ја пицата во рерна и печете ја уште 15 минути.
  • Послужете и уживајте во оваа поздрава варијанта на омиленото јадење.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.