Прекршете ја диетата денес: Рецептот на Емина Јаховиќ е вреден таквата жртва! (ФОТО)

Тестенини со црвен сос

Рецептот за ручек на популарната пејачка ќе ве воодушеви.

Емина Јаховиќ секоја година изгледа подобро, како годините да не ѝ можат ништо. Иако има два сина Јаман и Јавуз, пејачката може да се пофали со линија на која би ѝ позавиделе многу помлади колешки.

Нејзината одлична става се должи на здравата исхрана и редовниот тренинг. Меѓутоа, еднаш месечно го практикува таканаречениот „Cheat day“, кога може да јаде се’, на голема радост на нејзините наследници.

Во продолжение ви го претставуваме рецептот на Емина за тестенини со црвен сос, а фотографиите пејачката ги сподели со следбениците на Инстаграм со коментарот:

„Пене ригата сицилијана“.

Состојки:

1 голем модар патлиџан (или 2 помали)
1 главица кромид
1 чешне лук
1 или 1,5 лименки домати
капари
2 лажици ситно сечкани суви домати
малку пипер
малку шеќер
маслиново масло за пржење на модриот патлиџан и кромидот
рендан пармезан
сол, бибер, оригано

Приготвување:

Модриот патлиџан исечкајте го на ситно и пропржете го во маслиново масло. Во друго тавче продинстајте го ситно исечканиот кромид, додајте го сечканото лукче, па и сечканите суви домати, потоа и конзервираните и на крај модриот патлиџан. Зачинете по желба и по вкус, па варете на тивок оган 15-20 минути.

За тоа време сварете ги тестенините пени, но внимавајте да не се преварат. На самиот крај, измешајте сè и одозгора додајте рендан пармезан.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.