Потребен ви е рецепт за вкусен ручек?: Пригответе пилешки плескавици за најсаканите (ВИДЕО)

Рецепт

Пилешките плескавици со сигурност ќе им се допаднат на домашните.

Потребно е:

неколку парчиња пилешко месо

2 јајца

2 компири

1 главица кромид

3 чешниња лук

2 лажици сечкан кашкавал

1 лажица мелени пиперки

мелен бибер

сув зачин

сол

масло

Приготвување:

Месото и компирот се варат, па се сечат на парчиња.

Додајте едно јајце и жолчка (белката оставате ја на страна). Исечкајте ги кромидот и лукот, додајте ги во месото, а компирот згмечете го со кашкавалот. Додајте пиперка, бибер, сол и измешајте добро.

Направете мали плескавици, премачкајте ги со изматена белка и пржете додека заруменат. Извадете ги на хартија. Сервирајте додека јадењето е топло.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.