Жените масовно го купуваат овој лек за да ослабат, а ја нема таа намена: Докторите особено ги предупредуваат дамите со проблеми со шеќерот

Совет на експерти

Докторите особено ги предупредуваат луѓето кои се борат со инсулинска резистенција

Луѓето што страдаат од инсулинска резистенција, најчесто немаат јасни показатели што укажуваат на ова нарушување, па може да помине многу време додека го откријат. Дотогаш се соочуваат со одредени последици, мислејќи дека нешто сосема друго е причинителот. А една од најчестите и качувањето килограми.

А кога сакаме за кратко време да симнеме голем број килограми, обично не размислуваме за своето здравје и не одбираме средства.

Но секогаш мора да се стремите да ја откриете вистинската причина поради којашто сте се здебелиле, за да можете да го решите проблемот на соодветен и, пред сè, здрав начин.

Нови истражувања покажале дека лекот метформин, помеѓу другото, може да предизвика и губење на телесната тежина. Имено, шокантен е фактот дека жените масовно почнале да го купуваат овој лек, а според статистиката, веќе 100 илјади милиони жени го користат.

Но докторите и експертите за исхрана истакнуваат дека намената на метформинот воопшто не е за слабеење и нема некое големо дејство за таа цел.

„Постојат разни заблуди како да се намали тежината на брз начин. Како на пример, луѓето почнуваат да земаат нетформаж или метформин. Има некои истражувања за метформин кои велат дека неговиот спореден ефект е слабеење, но тоа не е неговата првична намена“, објаснуваат докторите.

Тие нагласуваат и дека неговиот ефект на слабеењето е минимален.

„Да, тој влијае врз телесната тежина кај некои луѓе, но ефектот е симнување од 2 до 3 килограми во период од една до пет години. Секако дека тој ефект е дури и помал кај помлади луѓе. Промената на животниот стил е двапати поделотворна за намалување на дебелината и инсулинската резистенција отколку употребата на лекови“, предупредуваат докторите.

Експертите се согласуваат дека луѓето најчесто сакаат на полесен начин да стигнат до целта, што е голема замка, бидејќи најдобрата превенција е физичката активност.

„Метформинот е стар лек и направен е за борба против дијабетесот. Тој има влијание врз инсулинската резистенција, но не е доволно моќен за да се промовира како решение. Ние го промовираме, бидејќи не постои друг и тука е замката. Бараме лек во сè, а всушност би требало да гледаме да не ни притреба лек. Најефикасниот лек за лекување инсулинска резистенција е физичката активност. Проблемот во медицината е што не умееме да ја дозираме физичката активност. Физичката активност не е кампања или тренинг, туку стил на живот“, заклучуваат докторите.

Здраво слабеење: Колку килогрaми е безбедно да изгубите за еден месец?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.