Поп-пејачката Романа ќе се мажи со човекот со кого ограбуваше банкомати (ФОТО)

Со среќа!

Српската пејачка Романа Паниќ конечно ќе застане на лудиот камен. Како што дознава српскиот портал „Телеграф“, судбоносното „да“ ќе го изговори со агентот за недвижности Филип Мркајиќ, со кого пред две години беше уапсена во Австралија поради кражба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Romana (@romana_panic)

Пејачката на големо се подготвува за свадбата за повеќе од стотина гости, која е закажана за почетокот на идната година.

Венчавкта ќе биде во Белград во еден познат ресторан на почетокот на следната година. Романа веќе ја избра венчаницата, а готови се и поканите за гостите. Тие веќе долго време живеат заедно, па склопувањето брак им е само формалност, меѓутоа свадбата е нејзина желба, која Филип сака да ѝ ја оствари – рекол добро известен извор.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.