Оваа состојка ги прави ќофтињата вкусни и сочни: Трик што многу готвачи го кријат!
Не сте пробале повкусни
Ви откриваме состојка што ги прави ќофтињата вкусни и сочни, а ќе бидат готови за 20 минути
Состојки:
- 500 г мелено месо
- 1 јајце
- 60 г пармезан
- 2 лажици маслиново масло
- 1 чешне лук
- 2 лажици магдонос
- половина шолја презла
- 2 лажици млеко
- сол и бибер по вкус
- брашно
- 120 мл суво бело вино
- 120 мл вода
Приготвување:
Во голем сад измешајте мелено месо, јајце, пармезан, лук, маслиново масло, магдонос, презла, млеко, сол и бибер. Од смесата формирајте топчиња и секое топче извалајте го во брашно.
Загрејте малку маслиново масло во тавче и пржете ги ќофтињата по 5 минути од секоја страна, додека станат крцкави и добијат златна боја. Во тавче сипете вино и вода и пржете ги на тивок оган уште 10 минути.
Погледнете го следново видео за подетални упатства…
Коментарите се заклучени.