5 старински јадења со кои растеле нашите предци: Вака се хранеле и пукале од здравје!

Денес важат за сиромашни јадења

Ви предлагаме 5 старински јадења што се приготвувале некогаш, но кои и денес може да се најдат на трпезата

Богатата трпеза не мора да се состои од скапи намирници, а доказ за тоа се овие три јадења кои се задолжителен дел од нашата традиција и се пренесуваат од колено на колено.

Нашите предци некогаш немале толку избор, домаќинките се снаоѓале со тоа што го имале дома и научиле како од ништо да направат вкусно јадење за целото семејство. Така настанале и „сиромашните“ јадења кои се приготвуваат и денес.

1. Леб, маст и црвен пипер

Иако многу повозрасни луѓе ќе ги потсети на детството, ова јадење е незамисливо за денешните генерации.

Состојки: парче леб, свинска маст, црвен пипер, сол.

Приготвување: Исечете го лебот на парчиња, може да користите и пржен топол леб. Премачкајте го секое парче со маст, посолете и посипете црвен мелен пипер.

2. Попара

Бајат леб се кине на парчиња и се дроби во врела вода. Се загрева масло или маст и кога ќе бидат врели, се мешаат, па се додава сирење или кајмак. Може да се прави и со млеко наместо со вода, а може и без маст и врело масло.

3. Пржени лепчиња

Изматете 3-4 јајца, посолете ги, забиберите ги, по во таа смеса потопувајте парчиња леб. Пржете ги на маст на силен оган додека заруменат од двете страни.

4. Мрзлива пита

Изрендајте излупен компир, додајте сол, бибер и ситно сечкан кромид. Потоа, сипете брашно и мешајте додека постепено додавате вода (смесата треба да биде малку погуста од таа за палачинки). Префрлете ја во премачкана тепсија и печете ја околу половина час на 250 степени.

5. Качамак

Состојки: пченкарно брашно, вода, сол, кајмак и тврдо сирење.

Приготвување: Во поголем сад сипете вода, малку сол и масло, сварете ја и почекајте да зоврие. Додајте брашно, но не го мешајте, нека остане на врвот. Во таа смеса од брашно направете мал отвор и оставете да врие околу 25 минути, со непрекинато додавање вода. Како што брашното ќе се готви, постепено ќе исчезнува во сварената смеса. Кога сето брашно ќе се зготви, промешајте со дрвена лажица и гответе уште 3-4 минути.

5 старински јадења на лажица што треба да ги јадете барем еднаш неделно: Ручек од понеделник до петок!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.