Најсочното печено пиле што некогаш сте го пробале: Клучот е во овој додаток!

Прсти да излижете!

Дознајте како да го приготвите највкусното пиле во кое ќе уживаат сите домашни

Печеното пиле е едно од омилените јадења во многу домови, бидејќи ретко кој може да му одолее на ова крцкаво и совршено задоволство од рерна.

Секоја домаќинка има свој трик, но една мајка отишла чекор подалеку и го зачинила пилешкото со необичен зачин. Станува збор за супа од кесичка.

Таа најпрво ги ставиле пилешкото и зеленчукот да се печат на пониска температура. Доволно ви е пиле од 1,5 кг, малку масло и супа од кесичка.

Најдобар резултат ќе добиете ако имате апарат за бавно готвење (печење), но доколку немате, ставете ги пилешкото и зеленчукот во рерна на 90-120 степени Целзиусови неколку часа.

  • Намрсете го апаратот за бавно готвење, а потоа на дното ставете кромид, компир, морков и друг зеленчук по избор.
  • Добро истријте го пилето со супата од кесичка а потоа ставете го во апаратот за бавно готвење.
  • Вклучете го апаратот и оставете ги пилето и зеленчукот да се печат четири часа.

Со оглед на тоа што пилешкото ќе ги испушти своите сокови во текот на печењето, искористете ги компирот и зеленчукот за вкусна супа.

Ви предлагаме да го пробате и овој рецепт за пиле со мед и со мирудии.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.