Магија во чинијата: Пиле со мед и со мирудии

Кога ја поставувате божиќната трпеза, внимавајте на деталите. Бидете креативни и препуштете ѝ се на фантазијата.

Вкусовите и мирисите на божиќната трпеза остануваат запаметени. Ви предлагаме специјалитет во кој ќе уживате за време на овој голем христијански празник. Честит Божиќ!

Пиле со мед и со мирудии

Состојки: едно поголемо пиле, лажица сенф, сол, црн пипер, малку маслиново масло

Приготвување: 2 лажици мед, китка свежа мирудија, 2 лажици маслиново масло,100 г сечкани, претходно пропржени и излупени бадеми, 50 дл топла вода. Измијте го пилето и исушете го со хартиено марамче. Посолете го, наросете го со црн пипер и намачкајте го со сенф. Поклопете го и оставете го 20 мин. во фрижидер да ги впие зачините.

Дресинг: во две лажици мед додајте исечкана мирудија, бадеми и вода, потоа прелијте го пилето, покријте со хартија за печење и ставете го во рерна. Печете на 200 степени околу 50 мин. Кога месото ќе омекне, отстранете ја хартијата за да добие убава жолта боја.

Текст: Убавина и зравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.