Најдобриот сендвич на светот: Мора да го пробате овој португалски специјалитет!

Совршен!

Под навидум неугледната надворешност се кријат слоеви на вкусови: тостиран леб, јунешко или свинско месо, колбаси, шунка и кашкавал со сос од домати и пиво

„Најдобриот сендвич на светот“, како што Португалците го нарекуваат сендвичот франчезина, потекнува од Порто. Често се служи со помфрит и пржено јајце на врвот. Постојат и варијации со печурки, пилешко месо и разен зеленчук.

Франчезина не се јаде „на нога“, туку претставува сериозен оброк по кој долго ќе бидете сити. Пробајте го и вие!

Состојки:
  • 2 парчиња леб
  • 1 тенок јунешки стек
  • 1 колбас
  • 1 димен свински колбас
  • 2 парчиња шунка
  • 5 парчиња кашкавал
  • 1 јајце

За сосот:

  • 1 лажиче маслиново масло
  • 1 лажиче свинска маст
  • 1 мал кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 лавров лист
  • 250 г пелати
  • 400 мл говедски бујон
  • 1 дл вино
  • 500 мл светло пиво
  • 1 луто пиперче
  • 2 лажички сос Ворчестер
  • сол, црн бибер
Приготвување:

1. Загрејте свинска маст, маслиново масло, сечкан лук и лавров лист. По две минути, додајте го кромидот и пржете околу 8 минути.

2. Додајте конзервиран домат и говедски бујон. Кога ќе зоврие, оставете го да се крчка околу 10 минути. Додајте ги преостанатите состојки во сосот, па варете го уште 10 минути. Извадете го лавровиот лист, па изматете со миксер додека добиете кремлива смеса, па оставете го сосот да се крчка 30 минути. Ако треба, додајте малку скробно брашно разводнето во вода, па посолете и забиберите.

3. Во меѓувреме, испржете ги колбасите, а на маснотиите што ќе ги испуштат испржете го стекот. На крајот, пропржете ги малку парчињата шунка.

4. Пропржете ги малку и парчињата леб.

5. На чинија ставете едно парче леб, потоа парче кашкавал, шунка, стек, колбаси и последното парче леб.

6. Испржете јајце, ставете го на врвот од сендвичот и покријте го со парчиња сирење, така што жолчката ќе се гледа. Ставајте од врелиот сос со лажица на врвот од сендвичот за да се стопи кашкавалот.

Добар апетит!

Нема да ви биде доста од ова предјадење: Сендвич-печиво со густин
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.