Гулаш од рерна: Уживајте во единствениот вкус

Добар апетит!

Овој рецепт за гулаш сигурно ќе ги воодушеви вашите домашни

Гулашот им е омилено јадење на многумина, но овој рецепт е малку поинаков од вообичаениот.

Потребни состојки:
  • 5 лажици брашно
  • половина лажица сол и бибер
  • 700 грама јунешко исечкано на коцки
  • 1 голем кромид и 3 чешниња лук
  • 3 лажици масло
  • 1 литар јунешка супа
  • 400 грама доматен сос
  • 4 големи компири
  • 4 моркови
  • 200 грама грашок од конзерва

Приготвување:
  • Измешајте четири лажици брашно, сол и бибер, па ставете ги во кесичка за фрижидер.
  • Ставете го месото во смесата и извалајте го во неа.
  • Кога ќе завршите со тоа, во кесичката би требало да остане малку брашно, па додајте му уште една лажица.
  • Во голем сад, на масло испржете го кромидот, лукот и месото извалано во брашно, па постепено додавајте супа и доматен сос.
  • Покријте го јадењето и печете го во рерна на 180 степени Целзиусови два часа.
  • Потоа, додајте ги компирот и морковите, па печете уште еден час, а при крај додајте го и грашокот од конзерва.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.