Две во едно: Печени компири со пица-фил

Крцкаво задоволство

Обожавате крцкави компири, печени во рерна? Омилено јадење ви е пица? Зошто да не ги споите двете омилени јадења во едно! Еве како…

Потребни состојки:

  • 4 средни печени компири
  • 2 лажици путер
  • прстофат сол и бибер
  • 16 парчиња тенко исечен кулен (или друг вид сувомесен производ)
  • 250 г рендана моцарела
  • 250 мл доматно пире
  • 1 лажичка италијански микс од зачини (бибер, нане, оригано, лук, босилек, сушен кромид, сушен магданос, семе од целер)

Приготвување:

1. Испечете ги компирите со лушпата и оставете ги да се оладат.

2. Откако ќе се подоладат, пресечете ги на половина по должина и издлабете им ја средината. Средината искористете ја за некое друго јадење.

3. Растопете го путерот и со четка намачкајте ги компирите од сите страни.

Потоа ставете им сол и бибер по вкус и попечете ги на скара или на плотна, за да станат крцкави. Убаво испечете ги од двете страни и внимавајте да не ви изгорат премногу.

4. Откако ќе ги тргнете од скарата, наполнете ги со моцарела и одозгора ставете 2 парчиња кулен. Ставете малку и од мешаниот зачин.

5. Потоа, вратете ги компирите повторно на скара, но овој пат многу пократко, само да се растопи моцарелата.

6. Послужете ги со доматно пире.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.