2 едноставни напивки што ќе ве згреат за време на студените зимски денови

И ќе ви ја вратат енергијата!

Во зима мораме дополнително да го загреваме нашиот организам, а за тоа се идеални топлите напитоци. Двата се едноставни за подготвување, а имаат посебен вкус.

Изберете вкус на банана или пак вкус на кафе.

Банана-пунч

Потребни состојки:
  • 150 мл сок од банани
  • 2 лажички кафеав шеќер
  • половина стапче цимет
  • 20 мл сок од цеден портокал
  • 40 мл рум
  • парчиња банана

Приготвување:

Сокот од банани се готви заедно со кафеавиот шеќер и циметот на топол оган. Откако ќе се тргне смесата од оган, се остава да се подолади неколку минути. Потоа се додава сокот од цедениот портокал и се меша со направената смеса.

Пијалакот се служи во висока чаша, а по желба се прелива со рум и се декорира со парчиња банани.

Зимско кафе

Топли напитоци за ладни зимски денови

Потребни состојки:

  • 25 г чоколадо за готвење
  • 125 мл млеко
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1 лажиче цимет
  • 1 лажиче инстант кафе
  • 100 мл слатка павлака или шлаг

Приготвување:

Млекото се става на оган и се остава да зоврие. Откако ќе зоврие во него се додава чоколадото за готвење, кафеавиот шеќер и циметот и се меша континуирано околу 10 минути. Потоа се додава кафето и се меша уште 1 минута.

Како последна состојка се додава изматената слатка павлака или шлагот и полека се меша. Добиената смеса се послужува додека е топла во широка шолја и се декорира со малку цимет.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.