3 детокс-чорби што ќе ви го прочистат телото од тешката храна: Брзо заситуваат, а можете да ги носите и на работа!

Многу лесно се приготвуваат

По празниците, време е за лесна храна што не го оптоварува телото

Рецептите за детокс-чорби секогаш се едноставни и лесни за приготвување. Најдобро е што ваквите чорби можете да ги понесете и на работа, во термос-шишиња или чаши и комплетно да го прочистите телото. Во продолжение ви предлагаме 3 рецепта за детокс-чорби.

1. Чорба од тиквички и леќа

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 тиквичка
  • 1 шолја леќа
  • многу свеж магдонос
  • сол, бибер, масло

Приготвување:

На малку масло продинстајте ги кромидот и тиквичките, па додајте вода и леќа. Потоа, гответе го сето тоа околу 15 минути. Додајте зачини и магдонос, па иситнете со миксер. Ако чорбата е премногу густа, разредете ја со вода. Послужете ја со неколку капки лимон, бибер и малку црвен пипер.

2. Чорба од зелка

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • половина главица свежа зелка
  • многу свеж магдонос
  • 1 шолја црвена леќа
  • 1 црвена пиперка
  • сол, бибер, масло, ким, куркума

Приготвување:

Издинстајте го кромидот, па додајте црвена пиперка и магдонос. Кога сето тоа ќе се издинста, додајте ситно сечкана зелка, измиена леќа и зачини. Измешајте го сето тоа, па сипете вода. Кога ќе зоврие, гответе уште 15 минути. Иситнете со миксер и послужете ја топла.

3. Чорба од три состојки

Состојки:

  • компир
  • кромид
  • брокули
  • сол и бибер

Приготвување:

Прво издинстајте го зеленчукот малку на масло, па сипете вода и гответе околу 20 минути. Изблендирајте ја смесата со миксер и послужете ја топла.

Подеталните упатства за рецептите можете да ги погледнете во видеото во продолжение..

Одморете од брзата храна, пробајте чорба: Здрав и превкусен ручек кој ќе ве стопли и врати во живот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.