До вчера ја тераше жена му да шета гола, а сега ни очите не ѝ се гледаат: Канје и Бјанка повторно шокираат!

Уште едно бизарно издание на славната двојка

Канје Вест и Бјанка Ценсори не престануваат да ја шокираат јавноста со своето однесување

Канје Вест и Бјанка Ценсори биле фотографирани во Калифорнија на шопинг, а вниманието, како и обично, го привлекле со модните комбинации. Бјанка изгледала неодоливо во долг кожен мантил, но еден детаљ оставил посебен впечаток, а тоа е шубарата што таа многу често ја носи. Интересно е што со неа се обидувала да го покрие целото лице, додека Канје ставил качулка преку своето лице.

Многумина коментираат дека на нивното скандалозно однесување му нема крај, а тие секогаш одново ја изненадуваат јавноста. Се претпоставува дека Канје е тој кој го диктира стилот на нивниот живот.

Канје Вест ѝ дал инструкции на сопругата Бјанка Ценсори никогаш да не зборува и ѝ поставил низа правила по кои треба да живее, вклучувајќи и одредена храна што може да ја јаде и облека што може да ја носи.

„Нејзиното семејство никогаш не го сакало Канје, а нејзини блиски луѓе се прашуваа дали бракот со него беше вистинската одлука“, открил анонимен извор.

Интересно е што до неодамна Бјанка шеташе практично гола на улица, додека Канје оди покрај неа со наведната глава.

Се обидела да ги покрие бујните гради со минијатурен костим за капење: Сопругата на Канје Вест повторно шокира!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.