Совршен вкус: Ишлери со лешници

Пробајте ги и нема да се покаете!

Фото: Илустрација

За приготвување на овој вкусен десерт ќе ви бидат потребни 40 минути, потребно е да одлежат 30 минути, а се печат 10 минути. Добар петит!

СОСТОЈКИ:

За тестото:

180 г путер

100 г шеќер во прав

1 жолчка

100 г печени мелени лешници

200 г брашно

За филот:

125 г путер

125 г шеќер

2 јајца

75 г чоколадо

За глазурата:

50 г чоколадо

3 лажици масло

50 г лешници

ПРИГОТВУВАЊЕ:

1 За приготвување на тестото пенесто изматете ги путерот и шеќерот во прав со миксер. Додајте ја жолчката и матете додека се соединат состојките.

2 Додајте ги мелените лешници, па постепено додавајте го и брашното и замесете мазно тесто. Завиткајте го во фолија и оставете го 30 минути да одмори.

3 Посебно пригответе го филот. Во сад соединете ги јајцата и шеќерот, па матете ги со миксер за да добиете светла. Варете ја на пареа со постојано мешање, 15-тина минути. Додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека се растопи.

4 Во изладениот крем од чоколадо постепено додавајте го изматениот путер и постојано матете со миксер за да добиете хомогена смеса.

5 Префрлете го тестото за ишлерите на работната површина поспана со брашно и истенчете го со сукало до дебелина до 5 мм. Со тркалезна модличка извадете кругови од тестото. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги 10-тина минути во загреана рерна на 200 степени.

6 Сипете го чоколадниот фил во слаткарски шприц, па спојувајте по две парчиња тесто со филот.

7 Посебно пригответе ја глазурата. Растопете го чоколадото на пареа со малку масло, па едната страна од секој ишлер потопете ја во глазурата и посипете ја со сечкани лешници.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Илустрација

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.