Преплетен колач: Најмекото тесто полнето со џем и ореви!

Слатка плетенка

Феноменален рецепт за вкусен десерт

Потребни состојки:
  • 200 милилитри млеко
  • 20 грама квасец
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол
  • 2 јајца
  • 500-600 грама брашно
  • малку џем
  • 100 грама мелени ореви
  • 1 жолчка
Приготвување:

Растопете го квасецот во малку млако млеко, додајте шеќер, јајца и сето тоа добро изматете го. Додајте го остатокот од млекото и маслото, потоа додајте брашно и сол. Замесете меко тесто и оставете го да нарасне.

Развлечете го тестото на половина сантиметар дебелина, премачкајте го со џем и наросете мелени ореви. Завиткајте го во ролна, па со остар нож расечете ја ролната на половина во должина, па исплетете плетенка.

Свиткајте ја на половина и повторно сплетете ја.

Ставете ја плетенката во подмачкан плех и оставете ја уште да нарасне. Премачкајте ја со жолчка, па печете 15 минути на 200 степени, па намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 20-25 минути.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.