Ова цвеќе треба да го засадите во февруари: Подгответе ја најубавата пролетна градина!

Сега е вистинското време!

Ако сте планирале да садите од семиња, во февруари сепак ќе мора да го направите тоа во саксии

Сонцето што не’ грееше последниве неколку денови ни остави толку силен впечаток што ни краткотрајниот студен бран не може да ни ги тргне мислите од најубавите пролетни радости – цвеќето!

За да ви бидат терасата, прозорците или градината шарени кога пролетта и календарски ќе пристигне, сега е вистинското време да почнете да се занимавате со градинарство и садење во саксија.

Со оглед на нестабилниот и непредвидлив февруари, овој месец цвеќето се сади во заштитен простор, во случај да се појави ненадеен мраз.

Февруари е идеален период да насадите петунии, каранфили, жалфија и лобелија, а ако земјата не е замрзната, во дворот може да насадите и билки како што е гладиолата.

Ако планиравте да садите од семиња, во февруари ќе мора да го направите тоа во саксии, кои подоцна ќе ги префрлите надвор.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.