Оригинален рецепт за највкусната чоко-моко торта: Не се пече, а толку е сочна што се топи в уста!

Ќе се воодушевите

Пробајте ја, па ќе ви биде јасно зошто овој десерт им е омилен на многумина

Чоко-моко тортата е задолжителен десерт за сите сладокусци, и тоа со добра причина! Се приготвува за половина час, а неодоливо е вкусна и освежителна, па многу ќе ви биде тешко да сопрете со јадење по едно парче.

Состојки:
  • чоколадни кори
  • 500 мл чоколадно млеко
  • 700 г кисела павлака
  • 300 г мелени бисквити
  • 150 г шеќер во прав
  • 500 г шлаг + 1 кесичка
  • 500 мл кисела вода
Приготвување:

За филот, изматете шлаг со кисела вода. Посебно изматете ја киселата павлака со шеќерот во прав, па додајте ги мелените бисквити. Измешајте за да се соедини смесата, па додајте 4 лажици од претходно изматениот шлаг и измешајте. Ако е густо, додајте уште две лажици шлаг. Тоа може да варира, поради сувоста на бисквитите.

Земете ја првата кора и добро испрскајте ја со чоколадно млеко. Кога ќе го впие, намачкајте ја со третина од филот, а одозгора нанесете третина од шлагот. Истата постапка повторете ја со остатокот од материјалот и завршете со четвртата кора. И неа испрскајте ја со чоколадно млеко, а одозгора украсете ја со кесичка изматен шлаг, чоколадни трошки или декорации по избор.

Не мора ни да ставате четврта кора, туку можете да завршите со фил и шлаг. Добро оладете ја и послужете ја.

Добар апетит!

Најбрзата летна овошна торта со кајсии и јогурт: Лесен и освежителен десерт за жешките денови
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.