Дознајте како Александра Трпеска ја одговори нашата верзија на Прустовиот прашалник
Еден од најдобрите начини да се запознае одредена личност е Прустовиот прашалник на францускиот есеист и новелист Марсел Пруст. Ова е нашата верзија на познатата алатка за разоткривање на човечката природа, а овој пат одговараше блогерката Александра Трпеска.
View this post on Instagram
1. Најголемиот тренд моментално е… оригиналност.
2. Најмногу им се восхитувам на… моите родители.
3. Се издвојувам од другите зашто сум… своја и знам што сакам, имам свој уникатен животен стил и се водам според своите мисли и емоции.
4. Убавина е… да го живееш моментот со отворено срце.
5. Се грижам за моето здравје така што… вежбам, се хранам здраво и негувам добри мисли.
6. Мојот животен стил би го опишала како… човек што секојдневно се труди да биде подобра верзија од себе.
7. Ме нервира кога… некој е неискрен и нема почит кон другиот.
8. Среќна сум кога… креирам.
9. Талент што би сакала да го поседувам е… пеење.
10. Мојот најголем страв е… смртта.
11. Веднаш би се преселила во… Барселона.
12. Најголемата лекција што ја имам научено е… да верувам во својата интуиција и да не давам шанси на луѓе кои не знаат да ценат.
13. Љубов е… почит.
14. Тајна што никој не ја знае… одамна не сум била олку среќна.
15. Во „Убавина и здравје“ повеќе би сакала да читам за… успешни приказни на млади луѓе.
Разговарала: Марија Лукаревска
ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА
Коментарите се заклучени.