РЕНАТА МЛАДЕНОВСКА: „Ме нервира кога не ми го почитуваат времето“

У&З прашалник

Дознајте како Рената Младеновска ја одговори нашата верзија на Прустовиот прашалник

Еден од најдобрите начини да се запознае одредена личност е Прустовиот прашалник на францускиот есеист и новелист Марсел Пруст. Ова е нашата верзија на познатата алатка за разоткривање на човечката природа, а овој пат одговараше фитнес-тренерката Рената Младеновска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renata Mladenovska (@renata__ml)

1. Најголемиот тренд моментално е… работа на себе

2. Личноста на која најмногу ѝ се восхитувам е… брат ми

3. Се издвојувам од другите зашто сум… единствена како и секој еден човек.

4. Убавина е… да си здрав, физички, ментално и  духовно

5. Се грижам за моето здравје така што… спортувам и медитирам.

6. Мојот животен стил би го опишала како… здрав и балансиран.

7. Ме нервира кога… не ми го почитуваат времето.

8. Среќна сум кога… работам и кога сум дома.

9. Талент што би сакала да го поседувам е… цртање.

10. Мојот најголем страв е… да останам заглавена во лифт.

11. Веднаш би се преселила… покрај море.

12. Најголемата лекција што ја имам научено е… луѓето ги разбираат работите само од нивното ниво на перцепција.

13. Љубов е… најубавата и најголемата сила.

14. Тајна што никој не ја знае… не сум утринска личност.

15. Во „Убавина и здравје“ повеќе би сакала да читам за… нега на кожа.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

АЛЕКСАНДРА ШИЈАКОСКА: „Убавина е да си легнеш со чиста совест на перница“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.