АЛЕКСАНДРА ШИЈАКОСКА: „Убавина е да си легнеш со чиста совест на перница“

У&З прашалник

Дознајте како Александра Шијакоска ја одговори нашата верзија на Прустовиот прашалник

Еден од најдобрите начини да се запознае одредена личност е Прустовиот прашалник на францускиот есеист и новелист Марсел Пруст. Ова е нашата верзија на познатата алатка за разоткривање на човечката природа, а овој пат одговараше нашата модна блогерка Александра Шијакоска, која пред 2 месеца ја објави свршувачката со долгогодишната момче Едмонд.

1. Личноста на која најмногу ѝ се восхитувам е… моето момче, сега свршеник Едмонд.

2. Се издвојувам од другите зашто сум… искрена и несебично ги споделувам успесите и падовите со луѓето кои ме следат.

3. Убавина е… да си легнеш со чиста совест на перница.

4. Се грижам за моето здравје така што… одам редовно на преглед, пробувам да се хранам здраво.

5. Мојот животен стил би го опишала како… слободен и свој.

6. Ме нервира кога… луѓето се незадоволни од самите себе и тоа им го пренесуваат на сите околу нив.

7. Среќна сум кога… ги гледам среќни семејството, пријателите и кога ќе му помогнам на некој непознат.

8. Талент што би сакала да го поседувам… можеби некој занает.

9. Мојот најголем страв е… со оглед на тоа што сите стравови ми станаа реалност, мислам дека нема веќе од што да се плашам.

10. Веднаш би се преселила во… ја сакам Македонија и не можам да се замислам на друго место.

11. Најголемата лекција што ја имам научено е… дека животот е краток и секој ден треба да го живееме како да е последен.

12. Љубов е… кога туѓата среќа ти е поважна од твојата.

13. Омилен сегмент од „Убавина и здравје“ ми е… У&З жени и У&З живот, а повеќе би сакала да читам за младите на кои им треба медиумска поддршка, можеби некои хуманитарни организации и настани.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

Кристијан Станковски – БОМБАКИС: „Ме нервира кога луѓе летаат во облаци“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.