Кристијан Станковски – БОМБАКИС: „Ме нервира кога луѓе летаат во облаци“

У&З прашалник

Дознајте како Бомбакис ја одговори нашата верзија на Прустовиот прашалник

Еден од најдобрите начини да се запознае одредена личност е Прустовиот прашалник на францускиот есеист и новелист Марсел Пруст. Ова е нашата верзија на познатата алатка за разоткривање на човечката природа, а овој пат одговараше Кристијан Станковски – Бомбакис, кој неодамна објави дека ќе стане татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bombakis (@bombakis)

1. Најголемиот тренд моментално е… подкастот на Бомбакис.

2. Најмногу им се восхитувам на… моите родители.

3. Се издвојувам од другите зашто сум… Бомбакис.

4. Убавина е… мирот.

5. Се грижам за моето здравје така што… се хранам здраво.

6. Мојот животен стил би го опишал како… лежерен.

7. Ме нервира кога… луѓе летаат во облаци.

8. Среќен сум кога… сите се здрави и живи.

9. Талент што би сакал да го поседувам… имам сè што ми треба.

10. Мојот најголем страв е… да изгубам некој близок.

11. Веднаш би се преселил во… не би си заминал од Македонија.

12. Најголемата лекција што ја имам научено е… здравјето е најважно!

13. Љубов е… жена ми.

14. Тајна што никој не ја знае… ако кажам нема да биде тајна.

15. Омилен сегмент од „Убавина и здравје“ ми е… здравјето и хороскопот, а повеќе би сакал да читам за шоубизнис.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.