Соопштение: Про Бјути MJ е нов дистрибутер за Revlon Professional, American Crew, Olaplex, Alterna, Qiqi и Kasho кај нас!

Почитувани,

Како овластени дистрибутери за брендовите Revlon Professional, American Crew, Olaplex, Alterna, Qiqi и Kasho за пазарите во Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора, ве известуваме дека од 31.03.2023 година, нашиот претходен партнер и поддистрибутер, Дакалама Нет дооел, ул.  Методија Шаторов Шарло 11/10, повеќе не е овластен да врши дистрибуција на територијата на Северна Македонија за споменатите брендови.

Задоволство ни е да објавиме дека воспоставивме нова соработка со компанијата Про Бјути MJ доо, со седиште во Скопје, ул.  Христо Татарчев 1/57, која е наш нов партнер и дистрибутер за сите наведени програми на територијата на Северна Македонија.

Веруваме дека оваа промена ќе обезбеди дополнителна поддршка за нашите заеднички цели и ќе го подобри квалитетот на нашата услуга.

Би сакале да истакнеме дека VSD Trade doo не може да ја гарантира автентичноста и потеклото на производите дистрибуирани од други добавувачи, освен на оние од Про Бјути MJ доо, на пазарот во Северна Македонија за брендовите Revlon Professional, American Crew, Olaplex, Alterna, Qiqi и Kasho.

Овие производи се набавени од непознати канали кои не се официјални, што ги доведува во прашање и нивната оригиналност и квалитет.  Затоа, не можеме да застанеме зад овие производи и не препорачуваме нивна употреба.

Како ексклузивен дистрибутер за наведените програми на територијата на Северна Македонија, Про Бјути MJ доо ќе се грижи за навремено снабдување со оригинални производи и ќе ја обезбеди потребната поддршка на клиентите во форма на едукација и информации за производите и како да ги користат.

Имајте доверба во нашата нова соработка и бидете сигурни дека ќе продолжиме да работиме на подобрување на вашиот бизнис.

Ви благодариме за разбирањето и поддршката.

Со почит, VSD Trade doo.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.