Подарок за 3 читателки: За кожа мека како кашмир – Сет Ziaja Cashmere

Пријавете се за подароците!

Овие и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Топ поинт компани“ на три наши читателки им подарува врвна и нутритивна нега за тело – прекрасен сет сочинет од гел за туширање и лосион за нега Ziaja Cashmere.

Совршен сет за сите што имаат потреба од мала грижа за себе пред да поминат пријатна ноќ. Завиткајте ја кожата во мекоста на кашмирот со ова дуо за нега на тело.

Оваа елегантна кутија вклучува кремаст гел за туширање за чистење на кожата и богат, но лесен лосион за тело, кој ќе ја намириса вашата кожа.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во септември.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Инаку, новиот пријател на нашата „У&З-лавина на подароци“ – Ziaja Ltd  – е производител на фармацевтска и високо квалитетна природна козметика за нега на лице, тело и коса. Тоа е компанија од семејна сопственост, основана во 1989 година во Гдањск, Полска од страна на фармацевтите Александра и Зенон Зиаја.

Сите нивни производи се од природно потекло – активните состојки кои се користат во Ziaja производите се од растително и биотехнолошки потекло.

Δεν υπάρχει διαθέσιμη περιγραφή για τη φωτογραφία.

Ziaja е бренд одликуван со висок квалитет и атрактивна цена, бренд со врвни позиции во листата на рангирање, познат и ценет од страна на лојалните клиенти.

Производите на Ziaja можете да ги нарачате и преку е-продавницата www.e-ziaja.mk

Читајте нè! Забавувајте се со нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.