Највкусната торта со ореви и чоколадо по рецепт на нашите баби: Толку е вкусна што нема да застанете на едно парче!

Задолжително пробајте!

Тортата со ореви приготвена по овој рецепт е еден од најубавите десерти што некогаш сте го пробале

Сите ќе ви го бараат овој рецепт за највкусната торта со ореви и чоколадо! Освојува на прво залаче, а освен тоа, оревите се одличен извор на антиоксиданси, ја подобруваат работата на мозокот и го намалуваат стресот.

Состојки:
  • 8 јајца
  • 250 г шеќер
  • 2 големи лажички јаболков оцет
  • 80 г бело брашно
  • 200 г мелени ореви
  • 1 прашок за печиво
  • 1 мало лажиче цимет
  • 650 мл слатка павлака
  • 300 г темно чоколадо за готвење
  • 1 портокал
  • 150 г маскарпоне
Приготвување:

За да ја направите подлогата, изматете 8 белки, 150 г шеќер и 2 големи лажици јаболков оцет. Кога белките ќе станат цврсти, густи и сјајни, без грутки, додајте 80 г бело брашно, 200 г мелени ореви, 2 жолчки, 1 прашок за печиво и лажиче цимет. Печете ја смесата во калап за торта на 160 степени околу 45 минути.

За чоколадниот прелив, загрејте 300 мл слатка павлака до вриење, внимавајте да не зоврие, додајте 300 г темно чоколадо, па тргнете ја од шпоретот. Кога ќе ги измешате слатката павлака и чоколадото, додајте 6 жолчки и оставете го сето тоа да се олади малку на собна температура.

За печените и оладени кори, пригответе крем од 350 мл слатка павлака, кој ќе го матите додека се згусне, па додајте 100 г шеќер во прав, 150 г маскарпоне, кора и сок од еден портокал.

Корите наредете ги во калап и намачкајте прво чоколаден прелив, па крем и сè така до врвот. Со остатокот од кремот украсете ја тортата и посипете ја со ореви по желба.

Ова била омилената торта во Југославија: Неверојатно е кремаста и не се пече!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.