Ова била омилената торта во Југославија: Неверојатно е кремаста и не се пече!

Современите домаќинки ја заборавиле

Песок тортата освојува на прво залаче, никој не може да му одолее на нејзиниот вкус

Песок тортата ги красела трпезите во сите куќи во Југославија, а особено ја обожавале децата. Се приготвува за 45 минути и не се пече! Овој десерт изгледа и многу декоративно, а колку добар вкус има – уверете се самите.

Состојки:

За филот:

  • 1 л млеко
  • 130 г шеќер
  • 4 пудинга од ванила
  • 200 г путер од собна температура
  • 120 г шеќер во прав
  • 150 г мелени бисквити
  • 120 г кокос
  • 170 г мелени ореви

За ганашот:

  • 50 г млечно чоколадо
  • 50 г црно чоколадо
  • 100 мл слатка павлака
Приготвување:

Од литарот млеко одвојте 250 мл, па во тие 250 мл разматете ги пудинзите, а остатокот од млекото ставете го да се вари со шеќерот. Кога млекото ќе зоврие, додајте ја смесата со разматениот пудинг, мешајте и варете го додека зоврие уште еднаш. Потоа, покријте ја смесата со растеглива фолија и оставете ја целосно да се олади.

Потоа, пенесто изматете го путерот и шеќерот во прав и додајте ги во оладената смеса со пудинг. Сето тоа заедно добро изматете го и поделете го филот на три дела.

Во едниот фил додајте мелени бисквити, во другиот кокос, а во третиот ореви. Во калап со пречник од 22 см распределете ги филовите, прво тој со бисквити, па кокос, па на крајот филот со ореви. Ставете ги во фрижидер да се ладат најмалку два часа.

Пригответе го ганашот. Ставете ги сите состојки во тенџере, загрејте ги и мешајте ги на средна температура додека се стопат и соединат. На крајот, полека сипете го ганашот преку филовите и вратете ја тортата да се лади додека се стегне преливот.

Чоколадна торта што не се пече: Буквално се топи во уста – сите ќе бараат уште едно парче!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.