СЕ БЛИЖИ ДОЛГООЧЕКУВАНИОТ СПЕКТАКЛ НА КОПАОНИК: Најголемите ѕвезди и гости од целиот регион на Music Week фестивалот во хотелот Гранд

Иако сезоната на најпопуларната зимска дестинација во соседството е во полн ек, месец март ветува и многу повеќе, со музичкиот спектакл кој се ближи, и тоа во едно од своите најдобри изданија. Седмиот по ред, Music Week Kopaonik, ќе се одржи во Event халата на хотелот Гранд Копаоник, за време на два викенди во март – од 9 до 12 и од 16 до 19 март, а листата на главните изведувачи и оваа година го прави овој настан ексклузивен и единствен заради фактот дека најголемите регионални ѕвезди ги собира на едно место.

Првиот викенд е резервиран за „ексклузивните настапи“ со сењорита Милица Павловиќ и Саша Матиќ, кои заедно ќе настапат пред публиката во петок на 10 март, додека во сабота на 11 март маестралниот Жељко Јоксимовиќ ќе го подготви своето автентично шоу за сите посетители на фестивалот. Вториот викенд ќе го отвори дамата која со децении ја „тресе“ балканската сцена – Лепа Брена, а за самиот крај на фестивалот, на 18 март, најавен е долгоочекуваниот спектакл и концерт за паметење на регионалната ѕвезда Дино Мерлин.

Покрај ексклузивните содржини, Копаоник со хотелот Гранд во март зрачи со енергија на вистинските монденски европски ски-центри – динамична и возбудлива комбинација на скијање и сончање, неизбежните гастро и апрес ски станици, префинети деликатеси и феноменален ноќен живот, благодарение на врвната продукција и музичко-сценскиот спектакл во режија на Скајмјузик.

Music Week Копаоник е најголемиот зимски музички фестивал во регионот, единствен по тоа што на едно место ги собира најпознатите имиња од регионалната музичка сцена. Воедно, тоа е уникатен концепт на луксузен планински одмор, кој им овозможува на гостите да уживаат во сите привилегии како врвна скијачка услуга блиску до скипатеките, луксузни спа содржини, бенифицирани билети за сите концерти и првокласна удобност на локацијата на самиот фестивал! Затоа низ годините прерасна во настан кој е препознаен и атрактивен и надвор од Србија, во Македонија, Црна Гора, Босна и Хрватска“, велат организаторите на фестивалот „Скајмјузик“ и „Гранд Копаоник“, годинава очекувајќи рекордна посетеност.

Влезниците за концертите се достапни во ограничен број и надвор од хотелските пакети, во слободна продажба, преку официјалните страници на фестивалот.

Истраен во обезбедувањето на луксузна хотелска услуга

 Еден од најубавите хотели кој се наоѓа на покривот на Србија е сместен во најубавиот пејзаж – глетка преполна со богати зимзелени шуми и планински врвови до кои допира погледот. Гранд Копаоник е омилена дестинација на вистинските љубители на луксузната атмосфера на планината, обезбедувајќи им персонализирана услуга, врвен комфор и удобност, како и највисоко ниво на понуда.

Гранд Копаоник – престижен планински хотел се погрижи на своите гости да им овозможи релаксација во луксузни спа содржини, уживање во новите гастрономски сензации создадени во најдобрите ресторани, комплетен ски-сервис блиску до скипатеките, но и ненадмината вечерна забава, сето препуштајќи му го на врвниот консиерж кој ќе се погрижи вашиот мартовски продолжен викенд да стане ништо помалку од незаборавно искуство.

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.