Најбрзиот колач од јагоди од само три состојки: Сладок вкус кому нема да можете да му одолеете!

Брзо, слатко и освежувачко

Овој лесен летен десерт ќе го обожаваат сите, а нема да ви се верува колку лесно се приготвува

Состојки:
  • 300 г слатка павлака
  • бисквити по избор (пишкоти)
  • 1/2 кг свежи јагоди
Приготвување:

Во плех или огноотпорен сад нанесете прво слој од добро изматена слатка павлака, па наредете ред бисквити по избор, а потоа, повторно додајте слој од слатка павлака.

Потоа, наредете третина сечкани јагоди и додајте уште еден слој слатка павлака и редете така додека ви снема слатка павлака и јагоди. Последниот слој би требало да биде од јагоди, а не од слатка павлака.

Ставете го колачот во фрижидер еден час пред послужување.

Тирамису со јагоди: Сочен, кремаст и божествен десерт!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.