Принц Хари испратил видеопорака од својот дом во Америка: Она што го кажал е многу важно во моментов! (ВИДЕО)

Обраќање до јавноста

Принцот испратил видеопорака до јавноста за време на пандемијата на коронавирус

Принц Хари (35) од својот нов дом во Лос Анџелес испратил порака преку видео за да го обележи отворањето на Меѓународните воени параолимписки игри 2020 кое требало да се одржи оваа недела.

Во својата видеопорака признал дека животот драстично му се променил откако со сопругата Меган Маркл започнале самостоен живот во Америка.

„Поздрав до сите. Додека оваа недела им оддаваме почест на жртвите во Втората светска војна, требаше да се собереме во Холандија на параолимписките игри. Но откако последен пат бев во Хаг, нашиот живот драстично се смени и многу други настани ширум светот се одложени. Новите датуми ќе бидат наскоро објавени“, рекол Хари со желба на сите да им даде малку утеха и да ги охрабри луѓето во овој тежок период за време на пандемија на коронавирус.

„Се надевам дека вашите семејства се добро. Слушнав неверојатни приказни за тоа како семејства се собираат преку Интернет. Бидете внимателни и понатаму, мислете на тие што си заминаа од светов“, додал тој.

Принцот ја искористил приликата и да им се заблагодари на сите што им дале поддршка нему и на Меган во одлуката да ги напуштат кралските должности. Погледнете го видеото во продолжение…

Меган Маркл и Хари повторно ќе станат родители, второто дете ќе се роди во Америка?!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.