Тирамису со јагоди: Сочен, кремаст и божествен десерт!

Совршен десерт

Овој рецепт сигурно ќе ве распамети

Состојки:

За сирупот од јагоди:

  • 350 г јагоди
  • 4 лажици сок од портокал
  • 2 лажици шеќер

Преостанати состојки:

  • околу 25 парчиња пишкоти
  • 200 г сирење маскарпоне
  • 4 лажици шеќер во прав
  • 200 г павлака
  • 150 г јагоди
Приготвување на сирупот:
  • Измијте ги, исчистете ги и исечкајте ги јагодите на помали парчиња.
  • Прелејте ги со сок од портокал, посипете ги со шеќер и ставете ги да се крчкаат на тивок оган, повремено мешајќи.
  • Кога јагодите ќе омекнат за неколку минути, тргнете ги од оган и згмечете ги.
  • Почекајте да се оладат малку, исцедете ги со помош на газа или цедалка, префрлете ги во чист сад со капак и ставете ги во фрижидер.
Приготвување на тирамисуто:
  • Пригответе сад за печење барем осум сантиметри длабок.
  • Мешајте го сирењето маскарпоне со шеќерот во прав и павлаката додека добиете воздушест крем.
  • Измијте ги јагодите и тенко исечкајте ги.
  • Секоја пишкота потопете ја во оладениот сируп од двете страни, но кратко за да не ви се распаднат.
  • Наредете ги така што ќе го покријат дното на садот.
  • Премачкајте ги со половина од кремот од маскарпоне, па наредете половина од јагодите.
  • Повторете ја целата постапка и завршете со исечкани јагоди.
  • Ставете го десертот во фрижидер да отстои најмалку четири часа.

Домашно тирамису

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.