Домашно тирамису

Предајте му се на слаткиот грев... одвреме-навреме!

Се разбира, тешко е да ѝ се одолее на вкусната храна, дури и кога има многу калории. Но дури и нутриционистите советуваат одвреме-навреме да му се препуштиме на слаткото искушение и да уживаме во вкусот на домашно приготвен тирамису-колач, но умерено! А еве како се приготвува:

1 Добро се матат 15 жолчки, 15 лажици шеќер во прав и 2 кесички ванилин шеќер.

2 Се соединува со 200-250 г шлаг (од кесичка), кој претходно сме го изматиле.

3 Се прави „коктел“ од 2 дл млеко, 3 кесички нес-кафе, малку рум и 2 лажици шеќер. Се топли колку да се истопи шеќерот. Во млак „коктел“ се потопуваат бисквити.

4 Наизменично, во чинијата се редат филот и бисквитите. На крај се посипува со цимет и еспресо или со какао.

5 Се остава 10-12 часа во замрзнувач, да се стегне, па потоа се служи.

Текст: Б. Трескавица

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.