Дневната исхрана на Кортни Кардашијан: Еве зошто никогаш немала проблеми со килограмите!

Исхрана и нега

Фото: Getty Images

Таа има фигура од соништата – еве како изгледа дневното мени на Кортни Кардашијан

Обожавателите повеќе од една деценија го следат секој потег на семејството Кардашијан и нивното реално шоу Keeping Up With the Kardashians. Иако гледаме како со години рекламираат на социјалните мрежи разни производи за исхрана, шејкови, чаеви и салати од свои и туѓи брендови, дали некогаш сте се запрашале што тие навистина јадат и какви се нивните навики?

Ѕирнавме во дневното мени на најстарата сестра во семејството, Кортни Кардашијан, која никогаш немала проблеми со вишокот килограми. Сега ќе откриеме и зошто е тоа така.

Како што и самата Кортни пишува на својот веб-сајт Poosh, таа секој ден го почнува со шолја протеин која содржи и витамин Ц и кој е хранлив за косата и ноктите.

Утрински пијалак

Еден од омилените појадоци на постарата сестра на Ким Кардашијан е нејзиното смуди со авокадо, кое задолжително содржи мед и кокосово млеко.

https://www.instagram.com/p/B5LcF96lJTr/?utm_source=ig_embed

Друг пијалак што Кортни го обожава наутро е мача лате. Најчесто, деновите ги започнува токму со мешавина од мача прав и бадемово млеко.

Мача лате може да биде здрава замена за кафе. Се работи за посебно произведен зелен чај, кој се меле во прав и се приготвува со топла вода.

Состојки:

  • 1 лажиче маша прашок
  • 1/4 шолја врела вода
  • 1 шолја млеко (кравјо или растително, по ваш избор, ние препорачуваме бадемово)
  • неколку капки стевија или 1 1/4 кокосов шеќер

Приготвување:

  • Во шолја ставете мача прашок и прелејте го со врела вода.
  • Оставете го да отстои 1-2 минути, па внимателно промешајте.
  • Загрејте, па изматете млеко или добро измешајте го додека добиете меурчиња, па сипете го во чајот.
  • Сипете го во голема шолја, засладете по желба и уживајте.
Појадок

Мајката на три деца сака во недела наутро со децата да прави палачинки од банана или тиква, а и на Инстаграм неколку пати го објавила токму овој појадок.

https://www.instagram.com/p/B42rU2Nl7s3/?utm_source=ig_embed

Ручек

Кортни Кардашијан обично приготвува ручек со ниска содржина на јаглехидрати. Еден нејзин просечен ручек содржи тврдо варени јајца како извор на протеини, авокадо, домат и свежо моцарела сирење (иако најчесто не јаде млечни производи).

Грицки

Омилената ужина на оваа убавица, особено додека е на одмор, вклучува кроасани, кои ги обожава.

https://www.instagram.com/p/Bx3FeIolFlD/?utm_source=ig_embed

Вечера

Кортни обожава со своите деца да јаде поздрава верзија на пилешки стапчиња печени во рерна со кокосово брашно и млеко од бадеми.

Десерт

За своите деца (или ако сака слатка ужина), Кортни претпочита да има здрави грицки дома. Тоа вклучува сѐ од органски овошен јогурт, бадеми со чоколадо, до сушено манго… Најмногу обожава да јаде чиа пудинг.

https://www.instagram.com/p/Bw7Rty4HYdD/?utm_source=ig_embed

Вечерен пијалак

Секоја вечер, Кортни Кардашијан го завршува својот ден со млечно колаген-кафе за дополнително зајакнување на протеините. Станува збор за производ од нејзин бренд, кој содржи протеин со вкус на јагода, а богат е со колаген и мелатонин, кои можете да ги замените со некое смуди што сами ќе го направите или со производ што содржи слични состојки.

Се крена голема врева околу овој стајлинг на Кортни Кардашијан (ФОТО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.