Кејт Винслет за најтешкиот настан во нејзиниот живот: „Тоа беше најголемата криза со која морав да се соочам!“

Вистинска хероина!

Фото: Getty Images

Наградуваната британска актерка прозборела за несреќата што се случила пред девет години

Британската актерка Кејт Винслет има успешна кариера, но ни таа не е имуна на неочекуваните животни удари. Актерката и нејзиното семејство најпрво биле погодени од ураган, а потоа и од пожарот на Карибите во 2011 година, кога огнената поплава голтала сѐ пред себе.

Откако поминало доволно време, Кејт проговорила за тој немил настан. Тогаш била сместена на приватниот остров на сопственикот на „Вирџин Рекорд“ каде што откако удрил гром за време на ураганот Ајрин, пожарот што следувал брзо ги проголтувал дрвените вили. Ѕвездата од филмот „Титаник“ се одморала таму со сопругот со Нед, кој инаку е внук на Сер Ричард Бренсон и со своите две деца.

Хероина во акција

Како што Бренсон им раскажал на новинарите, Кејт Винслет изгледала како вистинска холивудска хероина кога ја зела неговата 90-годишна мајка Ив во раце и ѝ помогнала да се спаси од пожарот. И покрај тоа што одлично се снашла во кризна ситуација, а од куќата успеала да земе само пасоши и градник, таа несреќа ѝ оставила длабоки последици.

„Тоа беше најголемата криза со која морав да се соочам во животот“, изјавила таа во интервју.

„По тоа искуство, станав страшно анксиозна и параноична околу домашен пожар. Поради тоа, проверувам и по неколку пати дали сум го исклучила шпоретот, свеќите или електричните уреди. Сега го проверувам тоа и по неколку пати на ден, не можам против тоа. Тој страв ме парализира“, рекла Кејт.

Кејт Винслет во 2013 година го родила синот Бер со третиот сопруг Нед Рокнрол. Од бракот со Џим Треаплтон ја има ќерката Миа, а синот Џо го добила со режисерот Сем Мендез.

Неверојатен глас на возрасна жена во тело на девојче: Трагедијата на Џуди Гарланд

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.