Мини-чизкејк со капини и јагоди

Испробајте!

Повеќеслоен десерт кој ќе ве воодушеви!

Состојки:

За подлогата:

  • 200 гр интегрален бисквит
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 120 гр стопен путер

За првиот крем:

  • 500 гр сирен намаз
  • сок од еден лимон
  • 2 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер

За вториот крем:

  • 2 павлаки
  • 3 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер

За украсување:

  • 100 гр јагоди
  • 100 гр капини

За печење:

  • хартиени корпи за мафини

Подготовка:

Ставете ги хартиените корпи во поголм плех за печење. Започнете со подготовка на десертот од основата. Исецкајте ги бисквитите во блендер, додадете шеќер и стопен путер. Добро комбинирајте ги состојките. Ставете една лажица мешавина од бисквит, путер и шеќер во секоја чаша и малку притиснете. Ставете ги во рерната на 180 степени за четири минути.

Додека основата малку се загрева, заматете го првиот крем. Ставете го сирниот намаз и двата вида шеќер во сад и добро измешајте. Додадете ги јајцата, измешајте и на крај истурете сок од лимон.

Извадете ги хартиените корпи со основата од бисквит надвор од рерната и ставете го кремот врз нив, околу две лажици, во зависност од големината на корпите. Вратете ги во рерната и печете 20 минути на 170 степени.

Додека состојките се печат, подгответе уште еден крем. Во сад ставете павлака, шеќер и ванилин шеќер и добро измешајте. По 20 минути, извадете ја содржината од рерната и истурете го вториот крем во корпите. Вратете сѐ во рерната, што потоа ќе ја исклучите и оставете го десертот во рерната 5-7 минути. Не треба да се пече, температурата во рерната е доволна за малку да се компресира кремот.

Добро изладете и украсете со овошје.

Предлог за главно јадење: „Онесвестен имам“: Вака се приготвува модар патлиџан во турската кујна!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.