Кроасан-торта

Вкусна, мека, и лесна

Драги наши, поради мерките за заштита од ширење на коронавирусот и поминувањето на времето во своите домови, судејќи по рецептите што пристигнуваат од вас до нас, посебно сте инспирирани за приготвување вкусни јадења, па затоа одлучивме да ги објавуваме на нашиот портал.

Денес ви претставуваме вкусен и лесен тесерт, кој не се пече, а ни го испрати нашата читателка Алмира Фејзула.

Состојки:

10 кроасани

1 кг млеко

2 пакетчиња пудинг од ванила

1 маргарин

3 лажици еурокрем

1 шлаг-пена

Приготвување:

Кроасаните се сечат на крукчиња.

Се вари пудингот од ванила со 3 лажици шеќер.

Пудингот се остава да се излади, му се додава маргаринот и се мати со миксер.

Се дели на два дела во едниот дел се става еурокремот.

Во плех се реди ред бисквити, претходно потопени во млеко, се реди ред кроасани, се филува со пудингот и постапката се повторува додека се потроши материјалот.

На крај, тортата се филува со шлаг-пена и се декорира по желба.

Текст: Алмира Фејзула

Фото: Приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.