Како да се грижите за кожата на лицето ако често носите заштитна маска?

Корисни совети

Во ова време на пандемија нашата кожа реагира на стрес и добива реакции во форма на осип и мозолчиња од маските што ги носиме.

Некои студии покажаа дека оштетувањето на кожата од носење заштитни маски е зголемено за 97%, повеќето од нив со екстремно сува и дехидрирана кожа, а остатокот со иритации, чешање, лупење на кожата и маски кои предизвикуваат акни.

Колку се потесни и поцврсти маските, толку повеќе иритација можат да предизвикаат – носењето маска го потиснува растот на нормалните фоликули, реакцијата на кожата може да биде и на материјалите од кои се направени маските, иритации во пределот на носот и образите каде што маската нè притиска, и сувоста на кожата и усните.

Затоа споделуваме рутина за кожа оштетена од заштитни маски:

Пред да ја ставите маската:

Одржувајте рутина за нега на кожата

Најважно е да ја одржувате кожата чиста и хидрирана. Користете средства за чистење на лицето кои ќе ја вратат вашата нормална pH вредност и нанесете хидратантни креми веднаш откако ќе ја измиете кожата. Проверете дали производите што ги користите се без алкохол и парфеми и не се комедогени.

Хидратација како бариера на кожата

Користете производ кој ќе ја хидрира вашата кожа, создавајќи бариера од надворешното оштетување предизвикано од маската, а доколку содржи цинк, ќе бидете двојно заштитени.

Покријте ги сите отворени рани

Без разлика дали е од мозолчиња, иритација или нешто друго, пред повторно да ја ставите маската, не заборавајте да заштитите какви било отворени рани што можат да предизвикаат понатамошно оштетување на кожата.

Избегнувајте шминка

Особено кога станува збор за пудри и коректори, додека носите маски избегнувајте да носите декоративни производи кои одат директно на кожата. Тие можат дополнително да ги заглават порите и да предизвикаат иритација. Слободно можете да ги нацртате веѓите или да направите бомбастичен изглед на очните капаци, но избегнувајте да ја допирате кожата.

По отстранувањето на маската:

Нанесете производ за длабока хидратација 

Производот за длабока хидратација на лицето ќе помогне да ги смирите иритациите и мозолчињата што се формираат под маската. Прво измијте го лицето, нанесете стандарден крем, а потоа производ како вазелин, кој нема да оди директно на вашата кожа заради кремот, но дополнително ќе ја хидрира. Но, бидете внимателни ако имате мрсна кожа за да избегнете предизвикување дополнителни мозолчиња.

Антиинфламаторни производи

Ако имате акни или дерматитис, не заборавајте да ставите антиинфламаторни производи (како што се ниацинамид или азелаична киселина) во вашиот козметички кабинет што ќе ги примените директно на проблематични области на кожата.

Прочитајте и: Долго криената тајна на Азијките: Нивниот тен е совршен поради ОВА!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.