Трендови: Нова мода во доба на коронавирус

Задолжителното парче сезонава

Од неопходност прерасна во најголем моден тренд моментално…

Заштитните маски за лице станаа моден симбол на нашето време. Тие се задолжителното парче сезонава, кое можеме да го видиме буквално насекаде…

Медиумите се преплавени со фотографии од луѓе што носат бели или бебешко сини правоаголници што ги покриваат устата и носот, па прашање на време беше кога модната индустрија ќе го искористи тоа во своја полза. Најпрво, кога поимот коронавирус сѐ уште ја немаше достигнато титулата „пандемија“, на модните ревии можеше да се забележи еден заеднички детаљ кај сите гости: заштитни маски. Набргу и самите модни куќи почнаа да нудат брендирани маски на своите шоуа…

ПОДЕМОТ НА МАСКИТЕ

Познатите веднаш го прифатија овој тренд. Били Ајлиш на доделувањето на наградите „греми“ се појави во „Гучи“ од главата до петиците, дополнувајќи го изгледот со брендирана заштитна маска. Бела Хадид, Гвинет Палтроу и многу други редовно објавуваат селфиња со своите маски. Тоа беше доволно за маските од неопходност да се претворат во моден израз.

Цените се движат од 0 до 50 евра – во зависност од тоа дали сакате само да се заштитите или да оставите моден печат. Така дојде и до развој на висока мода во доба на коронавирус.

Најкреативните ги гледаат маските како начин на изразување, па ги персонализираат и одбираат дезени што им одговараат со другите парчиња облека, ги декорираат со виножито, животни, цвеќиња, теми од филмови…

https://www.instagram.com/p/B_2BRMVDHFb/

https://www.instagram.com/p/B_1_OCioyam/

Вистинско задолжително парче на 21 век, а дали ќе го носите само за да се заштитите од вирусот или и да бидете кул истовремено – зависи од вас самите!

Пишува: Марија Лукаревска

ФОТО: GETTY IMAGES, INSTAGRAM

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.