Крем-штрудла со ванила: Подобра и од крем пита!

Одличен десерт

Брзо се приготвува, а може да ја јадете и ладна и топла

Потребни состојки:
  • 500 грама кори

За првиот фил

  • 3 поголеми јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 1 шолја масло
  • половина шолја пченичен гриз
  • 1 шолја јогурт
  • 1 кесичка прашок за печиво

За вториот фил

  • 1 литар млеко
  • 9 лажици шеќер
  • 3 пудинга од ванила
Приготвување:

Најпрво сварете го пудингот во млеко и оставете го да се излади малце (не сосема) со повремено мешање, за да не се направат грутки.

Изматете ги белките со шеќерот, додајте жолчки, масло, гриз, прашок за печиво и јогурт.

Избројте колку кори имате и поделете ги на четири дела за да добиете четири штрудли.

Наредете ги корите. На првите три ставете по 3-4 лажички од првиот фил, а на четвртата кора ставете топол пудинг и завиткајте. Истото направете го и со останатите кори.

Премачкајте ги корите со остатокот од филот или со малку масло и ставете во рерна да се печат околу 15 минути на 180 степени.

Почекајте да изладат, па исечете ги и наросете ги со шеќер во прав.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.