„Децата го исцицаа животот од мене“: Познатата актерка зборувала брутално искрено за мајчинството!

„Остана само вреќа коски“

Додека другите се фалат со улогата на мајка, оваа актерка ја прикажала вистината

Бруклин Декер не е една од оние актерки кои се фалат со изгледот по породувањето, таа дури не се фали ни со своите деца.

Неодамна на Интернет осамна коментар дека актерката сега изгледа „исцрпено“, но „убаво“.

Бруклин брзо одговорила.

„Децата го исцицаа животот од мене. Зад себе оставија вреќа коски. Не знам што друго да кажам. Ми недостигаат моите гради, сега не знам ни како да ги наречам“, искрено напишала актерката.

https://www.instagram.com/p/BsYmQuthFG3/?utm_source=ig_embed

Многу мајки се пронашле во коментарот на славната актерка, па почнале да ѝ даваат поддршка со зборовите: „И јас се чувствувам токму така“, „И мене ми се случи тоа“ и слично.

„Смешно е што немав време да купам нов градник, сега тие се како празни школки од мојот претходен живот. Дневен потсетник на тоа што сум била некогаш“, се пошегувала Декер.

https://www.instagram.com/p/BqtIgRhhCwl/?utm_source=ig_embed

Бруклин (31) има два сина: Хенк (3) и Стивен (1) со поранешниот тенисер Енди Родик.

Исто како и нејзината најдобра другарка Криси Тајген, Бруклин го прикажува мајчинството брутално искрено.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.