Кох со лешници: Идеален спој на сочно и крцкаво во еден колач!

Одличен рецепт!

Варијациите на добро познатиот кох им се допаѓаат на сите љубители на благо

Состојки:
  • 5 јајца
  • 4-5 лажици шеќер
  • 100 грама гриз
  • 100 лешници (оставете малку сечкани)
  • 100 грама суво грозје
  • 1 литар млеко
  • 1 ванилин шеќер

Приготвување:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додајте гриз, мелени лешници, суво грозје и сето тоа добро измешајте го. Подмачкајте го плехот и наросете го со брашно. Сипете ја смесата во плехот и печете околу 15 минути. Додека колачот се пече, сварете го млекото, додајте шеќер по желба, ванилин шеќер, па печениот колач прелејте го со млеко за убаво да го впие.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.