Грчки старински колач: Сочен, вкусен и евтин, а многу лесно се приготвува!

Пробајте!

Многу е лесно да се приготви овој колач, а уживањето е максимално

Пригответе го овој едноставен грчки колач што ќе ја украси секоја трпеза…

Состојки:
  • 1 јајце
  • 1 чаша од 200 мл шеќер
  • 1 чаша од 200 мл млеко
  • 1 чаша од 200 мл ореви
  • 1 чаша од 200 мл брашно
  • 1/2 чаша од 200 мл масло
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 2 кесички ванилин шеќер

За кремот:

  • 2 пудинга (ванила, карамела или јагода)
  • 6 лажици шеќер
  • 700 мл млеко
  • 250 г путер или маргарин
Приготвување:

Пригответе смеса од јајца, шеќер, млеко, ореви, брашно, масло и ванилин шеќер. Изматеното тесто за бисквитот печете го во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу половина час.

За филот, сварете 2 пудинга по избор, а кога ќе се оладат, додајте маргарин или путер. Филот ставете го преку бисквитот, па посипете малку ореви за декорација.

Шепички – старински колачиња од ореви и маст: Меки како душа, а колку подолго стојат толку повкусни стануваат!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.