Го подигнуваат изгледот на повисоко ниво, во нив ќе изгледате како милион долари: 6 пара обувки што секоја жена мора да ги има

Дали и вие поседувате вакви обувки?

Не постои поголемо разочарување од тоа да го искомбинирате совршениот стајлинг и да забележите дека ви недостасува клучниот детаљ: идеалните обувки

Без разлика дали станува збор за лакирани мокасини или за потпетици со ремчиња, обувките навистина можат да го надополнат (или уништат) изгледот. Затоа, ја стеснивме листата на шест клучни модели – обувки со кои не можете да погрешите и без кои никогаш повеќе нема да можете да си го замислите животот.

Иако основната листа на обувки може да варира во зависност од личниот стил, уредниците на „Вог“ ќе се согласат дека мора да ги набавите следниве пара обувки…

Балетанки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carin Olsson (@parisinfourmonths)


Иако неколку години беа тргнати на страна, овој класичен модел се враќа на сцената оваа пролет. Носете ги со малку пократки панталони или фармерки и никогаш повеќе нема да изгледате постаро одошто сте, со оглед на тоа што тоа е најголемата предрасуда на оние кои никогаш досега ги немаат прифатено овие обувки.

Патики

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)


Без разлика дали претпочитате бели патики или малку помодерни, најпопуларни се оние ретро-модели што лесно се вклопуваат во полежерните, но и во поспортските стајлинзи.

Мокасини

 

View this post on Instagram

 

A post shared by olsen oracle by alyce (@olsenoracle)


Тие навистина никогаш не излегуваат од мода. Сестрите Олсен најдобро знаат како да ги носат, па тие ни послужија како инспирација за начините на кои можат да се носат овие класични обувки, а притоа да изгледаат неверојатно шик и отмено.

Рамни чизми

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)


Ако постои еден тип обувки што сигурно ќе ги носите со години, тоа се рамните чизми. Од рана есен до доцна пролет, овие обувки ќе ви послужат како клучна компонента во вашите стајлинзи. Без разлика дали претпочитате чизми за јавање или такви со поцврст ѓон, никогаш нема да погрешите ако си набавите еден таков пар за себе.

Салонки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Débora Rosa (@deborabrosa)


Елегантните салонки или сандали се неизбежни во плакарот на секоја жена. Вистинскиот пар потпетици со ремчиња или со припиени прсти ќе ви овозможат да се чувствуваат како да сте на врвот на светот.

Рамни сандали

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Débora Rosa (@deborabrosa)


Повисоките температури изискуваат лесни сандали, а нема грешка со ваквите модели. Може да ги носите и низ град и на море, од утро до вечер.

ВРВНО ИЗДАНИЕ Популарната адвокатка прошета во најмодерните обувки за секој ден (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.